НОВА ФАСАДА ЗА БАРАКАТА НА ЦРВЕНИОТ КРСТ

Предлогот за оваа намена го даде членот на Советот од партијата ГРОМ Горан Михајлов, а градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски ја образложи одлуката за донација со цел поправката на фасадата која ќе чини најмногу 2.000 евра, да биде час поскоро завршена. На Седницата едногласно се усвоија и Предлог-заклучокот за усвојување на годишната Програма за работа на десетте општински основни училишта на територија на општина Карпош и со исто толку гласа „за“, се усвои и Предлог-мислењето на Програмата за изведување на ученички ексурзии и други ученички активности во сите основни училишта. По предлог на директорката на ООУ „Јан Амос Коменски“, Емилија Арсовска, за есенската екскурзија која беше договорено да биде на Марков Манастир, се промени локацијата и таа сега ќе се одржи во Катланово. Исто така, на седницата стана збор и за тоа дека учениците ќе изучуваат нов задолжителен предмет, кој е донесен со Закон директно од Министерството за образование. Станува збор за предметот „Иновации“ и тој ќе се изучува само во девето одделение.
Седница 11.09.2014