БЕСПЛАТНИ УЖИНКИ И ИЗЛЕТИ ВО КАРПОШ

Ваквата бенефиција за учениците стартуваше минатата година со бесплатни ужинки за првачињата, а предвидено е секоја година во бенефициите да се вклучуваат децата од еден клас погоре. Инаку на денешната 19. Седница на Советот на општина Карпош беше донесена Одлука за спроведување на постапка за вршење на итна дезинфекција и дератизација на Јавните установи, општински детски градинки и општинските основни училишта на територијата на Општина Карпош, како превенција од епидемијата на жолтица. Советниците го усвоија и Извештајот за работите во однос на Јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата на подрачјето на Полицискта Станица од Општа Надлежност „КАРПОШ“ за првите шест месеци за 2014, како и Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Карпош за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.04.2014 година до 30.06.2014 година. Од позначајните одлуки кои беа донесени на денешната седница се и Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување на стапките на даноците на имот, со која оваа давачка се зголеми за 0,5 насто, односно наместо досегашните 3 % на територија на Карпош тој ќе изнесува 3,5 %.
sednica na sovet