ПОЛОВИНА СОВЕТНИЧКИ ПАУШАЛИ ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО ПОПЛАВИТЕ

Исто така, советниците едногласно го прифатија предлогот на првиот човек на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, со кој се предвидува покривање на сите трошоци кои ќе произлезат од ангажманот на Единицата за заштита и спасување при Општина Карпош, која од неодамна ја спроведува својата мисија во поплавените подрачја од Република Србија.

 Во таа насока, советникот од Општина Карпош, Давор Грче, по непосредниот контакт со своите српски колеги, му ја пренесе срдечната благодарност на градоначалникот Јакимовски, за навремениот гест на солидарност и хуманост, кој го спроведе локалната самоуправа од Карпош. Имено, Општина Карпош е единствената општина во Македонија, во чии рамки функционира Просторна единица за заштита и спасување. По усвојување на записниците од дванаесеттата, тринаесеттата и четиринаесеттата седница на Советот на Општина Карпош, советниците ја усвоија и предлог-Програмата за изменување и дополнување на Програмата за урбанистичко планирање за 2014 година. 

Во иста динамика, тие усвоија пет Одлуки, со кои се утврдува вклопување на бесправни објекти, на неколку катастерски парцели во Општина Карпош, според урбанистичко-планската документација, со која се врши усогласување на намената на бесправниот објект со намената на земјиштето.
ПОЛОВИНА СОВЕТНИЧКИ ПАУШАЛИ ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО ПОПЛАВИТЕ