ЛОКАЛИЗИРАН И ИЗГАСНАТ ПОЖАРОТ ВО ОКОЛИНАТА НА САРАЈ

 Вчеравечер,  околу 19:30 часот, граѓани пријавија ширење на чад и непријатна миризба. Инспекциските служби на Општина Карпош, излегоа на терен на увид на фактичката состојба и се констатираше дека чадот и непријатниот мирис кој го чувствуваат граѓаните од населените места Влае, Нерези, Тафталиџе и Карпош 4, доаѓа од запалена мини депонија од атарот на Општина Сарај.  Надлежните инспекциски служби на локалната самоуправа, веднаш пријавија во Противпожарната служба на Град Скопје и  во градскиот инспекторат. Во 20:20 часот, пожарот бил локализиран од страна на излезените екипи на терен во населеното место Свиларе, и истиот бил изгаснат. Не е извршена  казнена санкција, бидејќи  инспекторите не  затекле сторител на кривичното дело на локацијата каде што бил пожарот.

 

Службите на Општина Карпош, секој ден имаат инспекциски патроли за да ги превенираат штетите од потпалувањето и да извршат санкции доколку има потреба. Дежурниот број на кој може да се јавуваат граѓани и да пријавуваат локација од каде што доаѓа непријатна миризба и чад од запалено е 078-257-640 . Граѓаните ќе можат да пријавуваат на овој број , секој ден од 15:30 до 23:30 часот. Грижата и заштитата за животната средина е наша обврска секој ден во годината, не само во месеците кога се чувствува најголемото загадување.