COOLТУРНО ЛЕТО КАРПОШ 2019– ЗАБАВА ЗА СИТЕ ГЕНЕРАЦИИ

 

Од 29 до 31 август (четврток, петок и сабота) ќе се одржи Културно лето Карпош 2019.

Станува збор за традиционалната културна манифестација, која оваа година ќе се одржи на две различни локации: плоштадот „Делфина“, во Влае 2 и платото на „Млечен“ (пред „Ли“ кафе), во урбаната заедница Владо Тасевски.

Како и мината година, и оваа, Општина Карпош одлучи да стави акцент на домашните изведувачи, на докажани музички имиња, но и на нови, млади артисти кои со својот талент и музикалност веќе ги придобиваат симпатиите на целокупната јавност.

 

Оваа тридневна манифестација нуди програма за сите генерации, за најмладите, тинејџерите и повозрасните.

 

Четврток, (29.08.2019), на плоштадот „Делфина“ ќе биде првата првата карпошпва културна вечер,  на која ќе се прикаже детската претстава „Зеленковци“, која има едукативен карактер, со порака за заштита на животната средина, а во изведба на „Театар провокација“.

На првиот ден, во музичкиот дел  од вечерта, ќе настапат и Гуру Харе, Антониа Гиговска, Мики Јовановски – Џафер и Емилија Колоска.

Вториот ден од програмата исто така ќе биде на плоштадот „Делфина“, а ќе започне со  пергормансот на „Петко 5+ и Фамилијата“, а ќе продолжи со настап на меѓународен хор кој ќе изведува светски хитови (од Битлси, Queens и др.).

Вечерта ќе биде заокружена од страна на нашата позната музичка група НОКАУТ.

Третиот ден, затворањето на годинешното COOLТУРНО ЛЕТО КАРПОШ 2019 ќе биде на платото на „Млечен“. Предвидена е програма за тинејџерите, со настап на Марко Маринковиќ – Слаткар и перформанс на GP и Steffonator. Исто така, вечерта ќе настапат и Александар Митевски & Дац, а манифестацијата ќе биде затворена во поп – рок  стил, со перформанс на Дани Димитровска и нејзиниот бенд.

 

Програмата ќе ја води нашиот познат водител Жарко Димитроски (Жаре Еден на Еден).

Ги повикуваме сите граѓани и претставници на медиумите да го посетат тридневниот настан и да уживаат во пријатна атмосфера и забава.