САНАЦИЈА НА ПОКРИВОТ НА УЧИЛИШТЕТО „Ј.А.КОМЕНСКИ’“

 Денес почна санацијата на покривот на ООУ „Јан Амос Коменски“ во Карпош. Се изведуваат работи кои  опфаќаат освен реконструкцијата на самата кровна површина и поставување на пластифицирани хоризонтални олуци во должина од 400 метри.

 Со санација на покривот во основното училиште „Јан Амос Коменски“, во Тафталиџе 1, започнаа летните реконструкции по основните училишта во Карпош.

 Дополнително, во претстојниот период ќе се направи санација и на кровниот покривач во училиштето, со цел да се обезбедат подобри услови за следење на наставата.

 Покривот во ова училиште подолго време претставуваше сериозен проблем, особено во перидот на врнежи од дожд и снег, поради што Општината презеде активности за трајно решавање на овој проблем.

 Исто така, во летниот период целосно ќе се обноват и тоалетите во училиштето „Аврам Писевски“, во Бардовци, а „Вера Циривири Трена“ ќе добие нова сензорна соба за учениците со посебни потреби.

 Локалната самоуправа опстојува на определбата да овозможи подобри инфраструктурни услови во основното образование.