ПРЕРАБОТКА НА СУВИТЕ ГРАНКИ ЗА ЖИВЕАЛИШТА ВО ЗОО СКОПЈЕ

 

Од денеска, Општина Карпош со својата механизација сите собрани суви гранки ќе ги носи во Зоолошката градина – Скопје, каде што ќе бидат преработувани и повторно искористени за создавање на подлога на животните –  мајмуните. Со ваквиот начин на постапување со отпадот, Општина Карпош и практично станува пример за правилна обработка на отпадот и негово повторно користење.

 

Наместо сувите и скршени гранки да остануваат по јавните површини и парковите, истите ќе бидат преработени и ќе придонесат кон создавање на поприродна средина за живеење на мајмуните во Зоолошката градина, која територијално е под Општина Карпош.

 

Овој позитивен пример, за преработка на суви гранки е практика во повеќе развиени земји. Неодамна и градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев беше во студиска посета на Германија, каде што имаше можност да се увери во повеќе примери за паметно искористување на отпадот и рекултивирање на јавните површини.

Во изминатиот период, голем дел и од запленетите гуми кои често придонесуваа за загадување на амбиенталниот воздух беа донирани во Зоолошката градинка или во воспитно –                 образовните установи, со цел да бидат искористени на креативен начин.

 

Општина Карпош продолжува со интензивните активности за заштита на животната средина, како и правилно одлагање на отпадот за кој е одговорна локалната самоуправа.