ДВА НОВИ ВАПОВИ ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ЈАВНИ ПОВРШИНИ И ПЛАТОА

 

Општина Карпош ја зголемува својата механизација за одржување на хигиената и заштита на животната средина.

Набавени се две нови машини за перење на притисок (WAP), со кои ќе се чисти по поголемите јавни површини и платоа.

Со овие вапови ќе се исчистат голем дел од површините на кои со години се таложело кал и прашина и придонесувале кон загадувањето на пофреквентните јавни површини.

 

Машините за перење на притисок обезбедуваат потемелно отстранување на нечистотијата. Со истите веќе се чисти на платото на „Млечен“, а ќе се продолжи и во ТЦ „Лептокарија“, плочникот во Порта Влае, платото во Карпош 3 и други локации.

 

Локалната самоуправа продолжува со интензивните активности за заштита на животната средина, затворање на дивите депонии (долж реката Вардар), како и со подигнување на нови зелени површини.

Во рамки на пролетната акција се засадија 287 нови дрвја, а започне и изведбата на нов парк под бул. „8 Септември“, во близина на Градскиот парк.