[ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА] МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ ЗА ВРЕМЕ НА ЧАСОВИ – ДА ИЛИ НЕ?

 Денеска понеделник, 10.06.2019 година, од 17:30 часот, во ООУ „Лазо Трповски“ (ул. „Радика“ бр.9, Карпош 3), ќе се организира панел дискусија „Мобилни телефони за време на часовите – ДА или НЕ?

Оваа панел дискусија е во рамки на проектот „Вклучи внимание“, спроведуван од здружението „АЈНШТАЈН“, финансиран од Европската Унија, а поддржан од Општина Карпош.

Влијанието на технологијата во секојдневието е големо, а науката покажува дека истата прави сериозни нарушувања во воспитно – образовниот процес, при што доаѓа до нарушување на когнитивните, комуникациските, социјалните функции и моторната активност кај учениците како и однесувањето кај нив.

 

Доколку за овој проект постои согласност од сите засегнати страни: локалната самоуправа, основните училишта, учениците и родителите, ќе бидат изработени наменски организатори за складирање на мобилните телефони.

Во секоја училница каде што учат учениците од предметна настава ќе бидат видно поставени уникатни организатори за мобилните телефони. За секој ученик ќе следува посебен „простор“ за својот мобилен телефон, според соодветниот број во дневник. Според горенаведеното при влегувањето на час секој ученик ќе треба својот мобилен телефон за го остави во соодветниот простор се до завршувањето на училишниот час.

 

Ве покануваме да дојдете на оваа панел дискусија, да ги слушнете придобивките од овој проект и заедно да го унапредиме квалитетот на образование во Карпош.

Сите заинтересирани родители, наставници и граѓани потребно е своето учество да го пријават на следниот линк: https://forms.gle/6zj4v5gNQwAjAE1u5.

Исто така, информации може да се најдат и на креираниот настан на Facebook:

https://bit.ly/2KDTT3c