КОШАРКАРСКА БРОНЗА ЗА ОСНОВЦИТЕ ОД КАРПОШ

 На  овогодинешниот куп, организиран по повод „ Деновите на Општина Кисела Вода“, кошаркарите  од Општина Карпош  во натпреварот за   трето место ги победија своите врсници од Кисела Вода со резултат од  52-30 и  ја освоија „ бронзата“.На кошаркарскиот трон се искачија основците од  Општина Центар, кои во финалето ги победија противниците од  Гази Баба со резултат од 61:35.

 

Утре , во спортската сала „ Независна Македонија“, во Општина Кисела Вода, продолжуваат натпреварувањата во одбојка.  Вчера, основците од  Карпош, го освоија првото место  во футсал на овогодинешниот куп.