СОРАБОТКА ЗА ПОДИГНУВАЊЕ НА ЈАВНАТА СВЕСТ ВО БОРБАТА ПРОТИВ РАК НА ДЕБЕЛО ЦРЕВО

 Општина Карпош денеска склучи меморандум за соработка со Здружението на граѓани за поддршка на борбата против рак на дебело црево - Drive For Colon Cancer Awareness (DFCCA).

 
Меморандумот претходи на настанот кој е во организација на DFCCA, а се однесува на организирање на возно дефиле под мотото „Неопходноста за превенција од канцерот на дебелото црево".
 
Настанот ќе се реализира во средината на месец април, а Општина Карпош ќе овозможи промоција на овој настан кој има за цел да ја подигне јавната свест, преку своите канали за за комуникација (социјалните мрежи, веб страна и општинскиот магазин „Карпош ИН").
 
Ова дефиле се организира на ист ден, во повеќе од 100 градови во светот.