РЕКОНСТРУИРАНА Е УЛ. „КАРПОШОВО ВОСТАНИЕ“ ВО КАРПОШ 3

 Општина Карпош заврши со реконструкција на поголема делница од улицата „Карпошово востание“,  во урбаната заедница Карпош 3.

 Имено, асфалтирани се 390 метри од улицата и поставен е повеќеслоен асфалт, со што е  зголемена безбедноста за движење на возилата и другите учесници во сообраќајот.

 Локалната самоуправа интензивно работи на подобрување на севкупната инфраструктура во Карпош, откако неодамна се обнови и ул. „Даскал Камче“, во Карпош 1.

 По повеќе децении, во Карпош се реконструира и улицата „Брадфордска“, во населбата Козле, од страна на Град Скопје.