Заменик Градоначалник

 

 Проф. Д-р Наташа Пеливанова 

 

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев ја определи проф. д-р Наташа Пеливанова, член на Советот на Општина Карпош, за заменик градоначалник на Општината,  која ќе ја врши оваа функција за време на спреченост или отсуство на градоначалникот.

Ова решение е донесено врз основа на член 52 став 5, 6 и 8 од Законот за локалната самоуправа на Република Македонија.

Пеливанова е доктор во областа на правните науки. Таа е редовен професор на Факултетот за безбедност во Скопје. Има значаен придонес во научно – истражувачката дејност како автор на многубројни трудови издадени во домашни и меѓународни специјализирани списанија.

На последните локални избори, Наташа Пеливанова е избрана за член на Советот во Општина Карпош. Членува во Комисијата за урбанистичко планирање, Комисијата за јавни дејности (образование, социјална и детска заштита), Комисија за еднакви можности на жените и мажите и Комисијата за прописи при Советот на Општина Карпош.

 

 

 

 

 

E-mail: natasa.pelivanova@karpos.gov.mk