Карпош Опен

 

ГОЛЕМИОТ „ОПЕН КАРПОШ“-ПО ШЕСТИ ПАТ

 

Овој петок, 01.04.2016 година, во хотелот Александар Палас, со почеток во 16.30 часот, под покровителство на Општина Карпош, свечено ќе се отвори шестото издание на Опен Карпош, во организација на шаховскиот клуб „Гамбит Асеко СЕЕ“. Шаховскиот бренд на локалната самоуправа ќе трае цела недела, односно од први до седми април. Светски шаховски велемајстори и интернационални мајстори ќе учествуваат на традиционалното натпреварување, каде своите вештини и знаења ќе ги презентираат наредните седум дена во девет кола, секој ден од 9.30 часот и од 17.30 часот. Се очекува присуство на околу 200 високо рангирани играчи на овогодинешниот Меѓународен шаховски турнир. Наградниот фонд за шаховскиот турнир изнесува 10.000 евра, а за најдобриот шахист за оваа година  се обезбедени 2.800 евра.