ВКЛУЧИ СЕ – БУЏЕТ КАРПОШ 2019

 Почитувани граѓани, 


Општина Карпош го започнува процесот на креирање на новиот Буџет за 2019 година. 
Партиципативното буџетирање и вклучувањето на граѓаните и граѓанските организации при креирање на Буџетот е наш приоритет.
Ве повикуваме да се вклучите, со вашите идеи, предлози и сугестии, пополнувајќи го соодветниот формулар. (ТУКА)
Посочете ги клучните проблеми и предлози за вашето маало или населба, со цел, локалната самоуправа да добие појасна претстава за потребите на граѓаните во сите урбани заедници.
Секој пополнет формулар ќе биде темелно прегледан од нашите сектори и предлозите за нови проекти ќе бидат земени предвид при креирање на буџетските програми и Буџетот за 2019 година.
Во претстојниот период, општинското раководство ќе оствари и повеќе средби со граѓани во урбаните заедници, за кои навремено ќе Ве информираме.

Ви благодариме за соработката и придонесот.