СУБВЕНЦИИ ЗА НОВИ ВЕЛОСИПЕДИ 2019

 

 

Врз основа на член 15, став 1, точка 2, како и член 6 од Законот за Градот Скопје („Службен весник“ на РМ бр.55/04 и 158/11), член 22, став1, точка 2;  член 36, став 1, точка 1 и член 62 од Законот за локална самоуправа („Службен весник“ на РМ бр.5/02), а во врска со Програмата за активностите на Општина Карпош во областа на екологијата и енергетската ефикасност за 2019 година, дел II точка Проектни активности, точка 1. Одделение за екологија, потточка 1.6. Субвенционирање на купување за велосипеди, („Службен Гласник“-Општина Карпош бр.13/18) и врз основа на Одлуката за давање согласност за распишување оглас и спроведување постапка за одобрување субвенции на жителите на Општина Карпош за купување нови велосипеди бр.09-573/4 од 30.01.2019 година („Службен гласник на Општина Карпош“ бр.2/19), Општина Карпош распишува

 

ЈАВЕН ОГЛАС

за одобрување субвенции на жителите на Општина Карпош за купување на нови велосипеди

 

 

Општина Карпош од 01.02.2019 (петок) започнува со спроведување на акцијата „Карпош на точак“, со која ќе се субвенционира 30% од цената на купување на нов велосипед, или во максимален финансиски износ, најмногу до 3.000 денари.  Право на субвенционирање во оваа акција ќе има секој полнолетен жител на Општина Карпош, кој ќе купи нов велосипед започнувајќи од 01.02.2019  година (петок). Потребни документи за субвенционирање на велосипеди се:

 

- Лична карта (фотокопија)

 

- Трансакциска сметка, (фотокопија)

 

- Фискална сметка со сметкопотврда (оригинал) или фактура за купен велосипед, кој е купен не порано од 01.02.2019 година (петок).

 

- Жителите кои веќе оствариле право на субвенција и добиле средства по истата од Град Скопје, немаат право да учетвуваат по огласот.

 

 

Барањата со комплетна документација ќе се доставуваат до архивата на Општина Карпош. По поднесувањето на документите, подносителите во писмена форма ќе бидат известени дали ќе бидат корисници на предвидените средства за субвенција за купување на нов велосипед. Оваа акција ќе трае до исцрпување на средствата, а ќе важи принципот „прв дојден, прв услужен“.

 

Исплатата на средствата ќе се изврши по завршувањето на изборниот процес.

 

Правото на субвенција е еднократно.

 

За сите дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат кај координаторот на проектот Марко Петрушевски

 

Телефон за контакт: 078/432/653

 

                                                                                                                                                                            ОПШТИНА КАРПОШ