Вести

ЧИСТЕЊЕ НА ЈАВНИТЕ ПАРКИНЗИ ВО УЗ ВЛАДО ТАСЕВСКИ (МЛЕЧЕН)

Комуналните служби на Општина Карпош, утринава спроведоа акција за темелно чистење на јавните паркинзи на улиците „Анкарска“ и „Багдадска“, во урбаната заедница Владо Тасевски (Млечен). Локалната самоуправа им се заблагодарува на граѓаните од околните згради и куќи за соработката, со тоа што ги отстранија своите возила од паркинг просторите и овозможија акцијата да се спроведе непречено.

18.10.2018 09:13:24

ОБНОВА НА ДЕТСКОТО ИГРАЛИШТЕ ВО КОЗЛЕ

Општина Карпош го реконструираше детското игралиште во Козле (спроти Алумина). Поставени се нови реквизити, урбана опрема (клупи за седење и корпи за отпадоци), а се санираше и заштитната ограда на игралиштето. Во изминатиот период, локалната самоуправа обнови повеќе детски игралишта во различни урбани заедници.

18.10.2018 08:28:36

УЧИМЕ ЗА ЗДРАВАТА ХРАНА ОД МАЛИ НОЗЕ

Во ЈОУГД „ Орце Николов“, во Карпош 3, денеска се одржа презентација за здрава храна. По повод Светскиот ден на храната, кој се одбележува на 16 октомври, дечињата од оваа детска установа покажаа што научиле досега за важноста од консумирање на здравата храна. Претседателот на Советот на Општина Карпош Андреј Манолев, нагласи дека Општина Карпош е локална самоуправа која на приоритетно место го става квалитетот и безбедноста на исхраната како во градинките, така и во училиштата кои се наоѓаат на нејзината територија.

17.10.2018 12:47:26

СРЕДБА СО НАЦИОНАЛНИОТ СОЈУЗ НА ГЛУВИ И НАГЛУВИ ЛИЦА НА РМ

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, вчера се сретна со генералниот секретар на Националниот сојуз на глуви и наглуви лица на Република Македонија, Лиза Велкоска. Оваа година Националниот сојуз на глуви и наглуви лица на Република Македонија одбележа 70 години од своето постоење.

17.10.2018 11:49:39

ОПШТИНА КАРПОШ ЗАПОЧНА СО ЕСЕНСКА ДЕРАТИЗАЦИЈА

Општина Карпош започна со редовна есенска дератизација, дезинсекција и дезинфекција за уништување на штетни глодари, инсекти и превенција од заразни болести. Со дератизацијата ќе бидат опфатени околу петилјади шахти, а дезинфекција, дезинсекција и дератизација ќе се спроведе во сите основни училишта и детски градинки што се на нејзино подрачје.

17.10.2018 09:01:03

И З В Е С Т У В А Њ Е – ЧИСТЕЊЕ НА ЈАВНИ ПАРКИНЗИ

Почитувани граѓани, Ве известуваме дека на ден 18.10.2018 година (четврток), со почеток од 08:30часот до 11:30 часот, Општина Карпош ќе спроведе акција за чистење на јавните паркинзи на ул. „Анкарска“ и ул. „Багдадска“, во урбаната заедница Владо Тасевски. Со цел непречено спроведување на акцијата, Ве информираме дека е потребно да ги отстраните возилата од паркинг просторот.

17.10.2018 07:54:23

БОГОЕВ СЕ ПРИКЛУЧИ НА ХУМАНИТАРНАТА АКЦИЈА „НАХРАНИ 10.000“

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев се приклучи на хуманитарната акција „Нахрани 10.000“ иницирана од Организацијата на жени на Град Скопје, во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на храната. Богоев ја додели својата донација на поставениот штанд во „Тинекс“ маркетот, во Карпош 2, во близина на Драмскиот театар.

16.10.2018 14:14:24

ПРВАТА УЧИЛИШНА ГРАДИНА ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ХРАНА - ВО КАРПОШ

Во основното училиште „Аврам Писевски“, во Бардовци, се отвори првата училишна градина за одгледување и производство на храна. Промоцијата на оваа градина се одржа денеска, птигодно, токму на Светскиот ден на храната. Во дворот на „Аврам Писевски“ присутните гости и изложувачи на здрава храна беа сведоци на повеќе креативни катчиња и презентации кои ги направија учениците од ова училиште во Карпош. Создавањето на градината и на овој настан, беа поддржани и од Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО), Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и од граѓанските организации „Slow Food“ и „Ајде Македонија“.

16.10.2018 12:50:48

АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ЈАВНИТЕ ПАРКИНЗИ НА БУЛЕВАРОТ „М.Т.ГОЛОГАНОВ" БР.90

Општина Карпош утринава спроведе акција за темелно чистење на јавните паркинзи долж булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ број 90.Комуналните служби отстранија поголем дел од отпадот од паркинг просторот.

12.10.2018 12:08:36

ЧЕСТИТ ПРАЗНИК 11. ОКТОМВРИ

Општина Карпош Ви го честита државниот празник 11. Октомври, познат како Ден на народното востание на македонскиот народ. Востанието е против фашизмот, со што започнува борбата за ослободување на македонскиот народ. Тоа е важен меѓник во борбата за самобитност и самостојност на Македонците. Со својата вооружена борба, Македонија дала свој придонес во победата над фашизмот во Втората светска војна.

11.10.2018 09:30:48